Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Потпишување Меморандум за соработка со Американскиот колеџ

Со ова партнерство, ќе се обезбеди подобра координација и размена на информации меѓу институциите, што ќе овозможи поефикасно користење на статистичките податоци во академските истражувања и образованието.

Во насока на унапредување на академската и научната соработка, како и во рамките на посветеноста на Државниот завод за статистика за подобрување на соработката со академската заедница, беше потпишан меморандум за соработка со Американскиот колеџ.

Потпишувањето на Меморандумот претставува клучен чекор кон создавање нови можности за развој на заеднички проекти, семинари и научни активности што ќе ја поттикнат иновацијата во академската сфера. Со ова партнерство, ќе се обезбеди подобра координација и размена на информации меѓу институциите, што ќе овозможи поефикасно користење на статистичките податоци во академските истражувања и образованието.

Меморандумот не само што ќе ја унапреди соработката cо академската заедница, туку и ќе ги зајакне врските помеѓу нашите институции, обезбедувајќи долгорочен развој на научните истражувања и едукацијата.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Европскиот ден на статистиката го одбележавме заедно со студентите

Оваа година, кога се одбележува десетгодишнината од Европскиот ден на статистиката, посебен акцент беше ставен на приближувањето на статистиката до студентите и на зајакнувањето на соработката со академската заедница.

20 окт. 2026

Одржана обука за Партнерското оценување за овластените носители во Националниот статистички систем

Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.

02 окт. 2026