Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци

Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.

Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив. Овие анкети се важен извор на податоци за социјалните и економските состојби во Република Северна Македонија, вклучувајќи, меѓу другото, анкети за работната сила, за потрошувачката на домаќинствата, за користење на времето, како и други истражувања што ни помагаат да ја разбереме реалната слика за животот на граѓаните.

Сите анкетни истражувања се спроведуваат врз основа на строго дефинирани методолошки принципи и примероци, при што домаќинствата се избираат по случаен избор за да се обезбеди репрезентативност на податоците. Повеќе информации за начинот и постапките на прибирање на податоците се достапни на страницата Прибирање податоци

Анкетарите што реализираат разговори со граѓаните се обучени професионалци и при анкетирањето строго ги почитуваат правилата и инструкциите пропишани од ДЗС. За идентификација и безбедност, анкетарите секогаш носат овластување издадено од Државниот завод за статистика, а корисниците може да го проверат нивниот идентитет по потреба.

Ви благодариме за вашата соработка и придонес во создавањето точни и достапни официјални статистички податоци.

Поврзани вести и соопштенија

Делегација на Државниот завод за статистика учествуваше на 57. сесија на Статистичката комисија на ООН во Њујорк

Состанокот ги обедини директорите на статистичките институции од 193 земји за дискусија за клучните предизвици и идните насоки на глобалниот статистички систем

09 мар. 2026