Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Состанок на Државниот завод за статистика со Институтот за економски истражувања и политики Finance Think

Целта на состанокот беше дефинирање на активности кои ќе го зголемат обемот на соработка помеѓу Државниот завод за статистика и невладиниот сектор, со посебен акцент на научната и истражувачката заедница.

На 24 февруари 2025 година, Директорот на Државниот завод за статистика одржа состанок со претставници на Институтот за економски истражувања и политики “Finance Think”. Целта на состанокот беше дефинирање на активности кои ќе го зголемат обемот на соработка помеѓу Државниот завод за статистика и невладиниот сектор, со посебен акцент на научната и истражувачката заедница.

Државниот завод за статистика и “Finance Think” потпишаа меморандум за соработка уште во 2017 година, кој беше фокусиран на зајакнување на врските со корисниците на статистичките податоци од областа на научните истражувања и политиките.

Состанокот има за цел да го прошири ова партнерство и да ги дефинира новите активности и можности за активно учество на невладиниот сектор во споделување на податоци, истражувања и ресурси, со цел унапредување на јавната политика и развојот на економски стратегии.

Состанокот беше продуктивен и даде нови насоки за зголемување на соработката во иднина, со фокус на инклузивност и активна улога на невладиниот сектор во користењето на статистичките податоци за економски и социјални истражувања.

Поврзани вести и соопштенија

Европскиот ден на статистиката го одбележавме заедно со студентите

Оваа година, кога се одбележува десетгодишнината од Европскиот ден на статистиката, посебен акцент беше ставен на приближувањето на статистиката до студентите и на зајакнувањето на соработката со академската заедница.

20 окт. 2026

Одржана обука за Партнерското оценување за овластените носители во Националниот статистички систем

Партнерското оценување е дел од стратегиските активности на Евростат со кои се оценува усогласеноста на Националниот статистички систем со Кодексот за работа на европската статистика.

02 окт. 2026