Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Статистичките податоци усогласени со потребите на корисниците и меѓународните стандарди

Развојната цел на овој проект е официјалната статистика да се користи за креирање на политики кои ќе ги подобрат условите за живеење, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на јавните политики

Државниот завод за статистика, во соработка со Статистика Шведска, организираше почетен настан за проектот „Статистичките податоци усогласени со потребите на корисниците и меѓународните стандарди “.

На настанот се обратија амбасадорката на Кралството Шведска, г-ѓа Ејми Ларсон, директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков и г-ѓа Сесилија Стенбјорн, директор за социјални статистики и анализи во Статистика Шведска кои, во своите излагања, ја истакнаа важноста на ова партнерство меѓу двете институции преку кое се овозможува зголемување на капацитетите на Државниот завод за статистика за производство на статистички податоци кои ги задоволуваат потребите на корисниците како и барањата  на ЕУ во процесот на пристапување на земјата во Европската Унија.

„Развојната цел на овој проект е официјалната статистика да се користи за креирање на политики кои ќе ги подобрат условите за живеење, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на јавните политики“, истакна директорот на ДЗС, г. Дејан Станков.

Во продолжение беа претставени 4-компоненти од овој проект: Менаџмент, Статистички методологии, Информатичко-комуникациски технологии и Регистри на податоци.

Преку овие 4 компоненти, во наредните 3 години, вработените во Заводот заедно со експерти од Статистика Шведска ќе работат на развивање и унапредување на сопствените капацитети, подобрување на ефикасното производство на статистички податоци со цел задоволување на потребите на корисниците и успешно справување со предизвиците што ги носи современото живеење.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Едукативна поддршка од Државниот завод за статистика за нашите олимпијци на претстојната Меѓународна економска олимпијада

Со анализа на клучните економски индикатори во презентација, ДЗС даде придонес во подготовката на учениците за Меѓународната економска олимпијада

16 јун. 2026

Претставници на Државниот завод за статистика учествуваа на Европската конференција за квалитет во официјалната статистика Q2026

На конференцијата во Шибеник, претставниците на ДЗС ги презентираа искуствата од користењето на Националната платформа за интероперабилност и учествуваа во дискусиите за квалитетот, иновациите и довербата во официјалната статистика

05 јун. 2026

Трета регионална конференција на сметководители и овластени сметководители „Генерација со визија – Професија со иднина“

Директорот на Државниот завод за статистика, г. Дејан Станков, учествуваше на Третата регионална конференција на сметководители и овластени сметководители „Генерација со визија – Професија со иднина“, организирана од Институтот на сметководители и овластени сметководители

07 мај 2026