Публикации

Статистички годишник, 2024

Прикажани на начин којшто на корисниците им го олеснува користењето, статистичките податоци од бројните статистички истражувања, пренесени во табели, графикони и мапи, овозможуваат добивање на јасна слика за демографските и социоекономските состојби во државата во 2023 година

Во публикацијата се дадени и временски серии преку кои во споменатите општествени сегменти можат да се следат и трендовите низ годините.

Севкупноста на статистичките податоци за состојбите во државата се потврдува и со презентираните статистички информации добиени од органите, организациите и институциите што го сочинуваат статистичкиот систем во Република Северна Македонија, а се координирани од Државниот завод за статистика како носител на официјалната статистика.

Истовремено, во публикацијата се прикажани и статистички податоци за земјите од Европа и пошироко што се споредени со податоците за Република Северна Македонија, со што се добива можност за стекнување на сознанија за демографскиот и социоекономскиот развој не само на државата, туку и на регионот, Европа и светот во глобала.

Преземи ја публикацијата:

Статистички годишник, 2024


Сите публикации:

  • Статистички годишник, 2024


  • Архива на публикации

    Архива за Статистички годишник