Државен завод за СТАТИСТИКА

Публикации

Статистички годишник, 2025

Во ова издание се собрани податоци од многубројни статистички истражувања, кои обединети на систематски начин овозможуваат преглед на состојбата, структурата и трендовите на демографските и социоекономските појави во македонското општество во 2024 година.

Во публикацијата се дадени и временски серии преку кои во споменатите општествени сегменти можат да се следат и трендовите низ годините.

Севкупноста на статистичките податоци за состојбите во државата се потврдува и со презентираните статистички информации добиени од органите, организациите и институциите што го сочинуваат статистичкиот систем во Република Северна Македонија, а се координирани од Државниот завод за статистика како носител на официјалната статистика.

Истовремено, во публикацијата се прикажани и статистички податоци за земјите од Европа и пошироко што се споредени со податоците за Република Северна Македонија, со што се добива можност за стекнување на сознанија за демографскиот и социоекономскиот развој не само на државата, туку и на регионот, Европа и светот во глобала.

Преземи ја публикацијата:

Статистички годишник, 2025


Сите публикации:

  • Статистички годишник, 2025
  • Статистички годишник, 2024


  • Архива на публикации

    Архива за Статистички годишник