Статистика на животна средина, 2024
Со цел да се добие посеопфатна слика за состојбите со животната средина , Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, го подготви ова деветто издание на публикацијата за животната средина

Како редовно издание на Државниот завод за статистика, публикацијата се објавува на секои две години.
Статистиката за животната средина со која располага Државниот завод за статистика опфаќа само определенсет индикатори. Со цел да се добие посеопфатна слика за состојбите со животната средина во РепубликаСеверна Македонија, Државниот завод за статистика, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, го подготви ова деветто издание на публикацијата за животната средина.
Публикацијата содржи голем сет индикатори за животната средина кои се расположливи во овие и во други институции во Република Северна Македонија и со кои се прикажуваат квалитетот на медиумите на животната средина (вода, воздух, почва), еколошките проблеми (осиромашување на озонскиот слој и климатските промени, заштитата на животната средина и губењето на биолошката разновидност, создавањето отпад и управувањето со него) и креирањето на секторските политики (индикатори поврзани со земјоделството, шумарството, туризмот и инструментите на политиката за заштита на животната средина).
Во иднина, Државниот завод за статистика планира да го прошири опфатот на статистичките индикатори за животната средина, со цел да се произведе извештај/слика на состојбата на животната средина, презентирана со квантитативни податоци добиени од научно засновани мерења и анализи што упатуваат на изворите, причините, последиците и трендовите на конкретните состојби.