Државен завод за СТАТИСТИКА

Публикации

Регионите во Северна Македонија, 2025

Запознајте ја нашата држава на регионално и на локално ниво преку статистичките податоци што се однесуваат на населението, но и на географските, социоекономските, културните, просторните и сообраќајните услови и содржини

„Регионите во Република Северна Македонија, 2025“, во која на сликовит и информативен начин се прикажани најинтересните регионални податоци за нашата земја.
Публикацијата ги опфаќа осумте статистички региони на Република Северна Македонија, прикажувајќи ги нивните социоекономски, демографски и просторно-географски особености, како и карактеристиките што ги поврзуваат или ги разликуваат.

Регионалната перспектива на податоците – за населението, економијата, образованието, здравството, инфраструктурата и животната средина – има клучна улога во планирањето, следењето и оценувањето на развојот на државата. Со систематизирање и визуелно прикажување на информациите преку табели, графикони и тематски карти, овозможуваме полесно согледување на потенцијалите и предизвиците на секој регион и нивна меѓусебна споредливост.

Државниот завод за статистика останува посветен на унапредувањето на регионалната статистика и на поддршката на одржливите и рамномерни развојни политики. Ве покануваме да тргнете на патување низ регионите на нашата земја и да ги откриете разновидноста, динамиката и можностите што ги нуди секој дел од Република Северна Македонија.

Преземи ја публикацијата:

Регионите во Северна Македонија, 2025


Сите публикации:

  • Регионите во Северна Македонија, 2025
  • Регионите во Северна Македонија, 2024


  • Архива на публикации

    Архива за Регионите во Северна Македонија