Индекси на индустриското производство, јуни 2026 година
Индустриското производство во јуни 2026 година е зголемено за 6.5 % во однос на јуни 2025 година
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јуни
2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи опаѓање од 3.8 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.2 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
- Производство на пијалаци,
- Производство на тутунски производи,
- Производство на хемикалии и хемиски производи,
- Производство на други неметални минерални производи,
- Производство на метали,
- Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
- Производство на електрична опрема,
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
- Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11.7 %, Капитални производи за 8.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 8.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 11.1 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2026 година, во однос на периодот јануари – јуни 2025 година, изнесува 100.9.
Главни поенти
Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, има зголемувањето на производството во одделите:
- Производство на други неметални минерални производи со 35.6 %
- Производство на електрична опрема со 3.8 %
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 15.9 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Горан СтојковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk