Издадени одобренија за градење, мај 2026 година
Бројот на одобренијата за градење во мај 2026 година е намален за 27.5 % во однос на истиот период од претходната година
Во мај 2026 година се издадени 340 одобрение за градење, што е за 27.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 669 367 илјади денари, што е за 15.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 229 (67.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 22 (6.5 %) за објекти од нискоградба и 89 (26.2 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 340 објекти, на 214 (62.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 126 (37.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 840 станови со вкупна корисна површина од 71 561 м2.
Главни поенти
Во мај 2026 година:
- Најмногу одобренија за градење, 229, се издадени за високоградба
- Во Источниот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 76
- За изградба се предвидени 840 станови
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % мај 2026 година
Контакт
Наташа ЦеноваТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk