Извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени од деловни субјекти, 2023 година
Во 2023 година, деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 36.9 милијарди денари и завршиле 3 445 станови
13 јун. 2024
Опфатот на градежната дејност е во согласност со областа Ф Градежништво во Националната класификација на дејностите од 2009 година - НКД Рев.2.
Со Месечниот извештај за градежништво се опфаќаат најголемите деловни субјекти во Република Северна Македонија што се занимаваат со градежна дејност, како и деловните субјекти што според НКД не се класификувани во градежна дејност, но извршуваат работи од поголем градежен обем.
Со Месечниот извештај за издадени одобренија за градење се следи динамиката на градежната дејност по видови градба и објекти, вредност и локација на објектот, предвидувањето на идните активности и структурата на инвестициите, како на ниво на држава, така и на ниво на локалната самоуправа.
Со годишните истражувања се добиваат податоци за извршените градежни работи по видови градба на годишно ниво, бројот на завршените станови и нивната површина, бројот на бесправно изградените објекти и бројот на урнати објекти, како и количеството и вредноста на потрошениот градежен материјал од страна на деловните субјекти.
Издадени одобренија за градење -8.5 % јули 2026 година во однос на истиот период претходната година
Во 2023 година, деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 36.9 милијарди денари и завршиле 3 445 станови
13 јун. 2024
Деловните субјекти потрошиле 6.6 % повеќе градежни материјали и енергија во 2023 година во однос на 2022 година
10 јун. 2024