Издадени одобренија за градење, февруари 2025 година
Бројот на одобренијата за градење во февруари 2025 година е намален за 29.7 % во однос на истиот период од претходната година
11 апр. 2025
Опфатот на градежната дејност е во согласност со областа Ф Градежништво во Националната класификација на дејностите од 2009 година - НКД Рев.2.
Со Месечниот извештај за градежништво се опфаќаат најголемите деловни субјекти во Република Северна Македонија што се занимаваат со градежна дејност, како и деловните субјекти што според НКД не се класификувани во градежна дејност, но извршуваат работи од поголем градежен обем.
Со Месечниот извештај за издадени одобренија за градење се следи динамиката на градежната дејност по видови градба и објекти, вредност и локација на објектот, предвидувањето на идните активности и структурата на инвестициите, како на ниво на држава, така и на ниво на локалната самоуправа.
Со годишните истражувања се добиваат податоци за извршените градежни работи по видови градба на годишно ниво, бројот на завршените станови и нивната површина, бројот на бесправно изградените објекти и бројот на урнати објекти, како и количеството и вредноста на потрошениот градежен материјал од страна на деловните субјекти.
Издадени одобренија за градење -29.7 % февруари 2025 година во однос на истиот период претходната година
Бројот на одобренијата за градење во февруари 2025 година е намален за 29.7 % во однос на истиот период од претходната година
11 апр. 2025
Бројот на одобренијата за градење во јануари 2025 година е зголемен за 23.8 % во однос на истиот период од претходната година
11 мар. 2025
Во периодот јануари – декември 2024 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 357.6 милиони денари
13 фев. 2025
Бројот на одобренијата за градење во декември 2024 година е намален за 2.0 % во однос на истиот период од претходната година
12 фев. 2025
Бројот на одобренијата за градење во ноември 2024 година е намален за 18.2 % во однос на истиот период од претходната година
13 јан. 2025
Во периодот јануари – септември 2024 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 343.8 милиони денари
15 ноем. 2024
Во периодот јануари – јуни 2024 година, градежната оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 199.7 милиони денари
15 авг. 2024
Регистрирани се 780 бесправно изградени објекти во 2023 година
28 јун. 2024
Во 2023 година, индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 13.8 милијарди денари и завршиле 2 331 стан
13 јун. 2024
Во 2023 година, деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од 36.9 милијарди денари и завршиле 3 445 станови
13 јун. 2024