Театри, филхармонија и професионални ансамбли за народни игри и песни, 2022/2023 година
Во 2022/2023 година во однос на 2021/2022 година помалку прикажани претстави во професионалните театри за 1 %, а за 27 % повеќе посетители
15 дек. 2023
Во областа на културата, со статистички истражувања се следат состојбите во театрите, кината, библиотеките, музеите и издавачката дејност во Република Северна Македонија.
Податоците за деловните субјекти во областа на културата се прибрани од редовните статистички истражувања (едногодишни и тригодишни) што ги спроведува Државниот завод за статистика.
Со годишните извештаи се опфатени податоци за театрите, филхармониите, професионалните оркестри, кината, ликовната и издавачката дејност (книги и брошури); со тригодишните извештаи се опфатени податоците за библиотеките, музеите и техничката култура.
Податоците за театрите, филхармониите, професионалните оркестри и техничката култура се однесуваат за сезонската година, а останатите за календарската година.
Податоците од областа на јавното информирање се прибираат од редовните годишни статистички истражувања што ги спроведува Државниот завод за статистика. Со годишните извештаи се опфатени податоците за јавните радиодифузни претпријатија и трговските радиодифузни друштва, како и податоците за издадени периодични публикации (весници и списанија).
Вкупен број прикажани претстави на професионалните театри 1105 2024/2025 година во однос на истиот период претходната година дефинитивен податок
Вкупен број на концерти на филхармонија 38 2024/2025 година во однос на истиот период претходната година дефинитивен податок
Вкупен број на прикажаните филмски кинопретстави 12 057 2025 година во однос на истиот период претходната година дефинитивен податок
Вкупно организирани ликовни изложби 594 2025 година во однос на истиот период претходната година
Во 2022/2023 година во однос на 2021/2022 година помалку прикажани претстави во професионалните театри за 1 %, а за 27 % повеќе посетители
15 дек. 2023