Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 21.4.2026.1/1

Природно движење на населението, прво тримесечје 2026 година, претходни податоци

Во првото тримесечје во 2026 година, природниот прираст е негативен во 66 општини

Во првото тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца e 3 380 и е намален за 4.1 %. 
 
Бројот на умрените лица во првото  тримесечје од 2026 година бележи намалување од 1.0 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 5 342 лица, а од нив 9 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува -1 962, што значи дека за толку  лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 1 797 бракови и нивниот број е намален за 2.7 % во споредба со  истиот период од 2025 година, а регистрирани се 494 разведени бракови, што претставува зголемување од 6.2 % во споредба со истиот период од 2025 година.

Главни поенти

Во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година:

  • помалку живородени деца за 4.1 % 
  • помалку умрени лица за 1.0 % 
  • помалку склучени бракови за 2.7 % 
  • повеќе разведени бракови за 6.2 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Дијана Крстевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Природно движење на населението