Морталитет, 2023 година, дефинитивни податоци
Во 2023 година умреле 20 187 лица
18 јун. 2024
Статистиката на населението се однесува на нумеричките податоци за населението кое е предмет на набљудување и служи за следење и анализа на демогрaфските и социјалните промени и на причините што влијаат врз структурните промени на населението.
Промените во структурата на населението секогаш настануваат како резултат на директното влијание на природното (наталитет и морталитет) и механичкото (миграции) движење на населението.
Извори на податоците за населението се пописите на населението спроведени во 1921, 1931, 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994, 2002 и 2021 година, според единствени методологии и единствени обрасци, на сите подрачја од пописот.
Бројот на населението на средината на годината е пресметан врз основа на резултатите од пописите на населението и на податоците за природниот прираст, а во податоците од 1992 година наваму е вклучен и механичкиот прираст.
Евиденцијата на виталните настани може да се дефинира како евиденција на едно лице (поединец) од неговото раѓање до крајот на неговиот живот, вклучувајќи ги и промените на личниот статус на тоа лице, неговата граѓанска и брачна состојба.
Миграциите директно влијаат врз зголемувањето или врз намалувањето на бројната состојба на населението. Истовремено, со менувањето на бројната состојба на населението, се менува и старосно-половата структура на населението, со што индиректно се влијае врз интензитетот на природното движење на населението.
Почнувајќи од 2004 година, Државниот завод за статистика ја применува методологијата на прикажување на податоците за виталните настани, при што во вкупниот број витални случаи се вклучени само настаните случени во Република Северна Македонија. Врз основа на ваквата методологија, се пресметуваат и сите индикатори поврзани со виталните настани.
Население 1 822 612 Број на лица 31.12.2024 проценет податок
Стапка на морталитет 11.1 на 1 000 население 2024 дефинитивен податок
Стапка на наталитет 8.8 2024 дефинитивен податок
Разведени бракови 182.9 на 1 000 склучени 2024 дефинитивен податок
Во 2023 година умреле 20 187 лица
18 јун. 2024
Во 2023 година бројот на живородените деца е намален за 7.4 % во споредба со 2022 година
11 јун. 2024
Во 2023 година во однос на 2022 година се склучени за 1.6 % помалку, а разведени за 9.4 % повеќе бракови
03 јун. 2024