Магистри на науки и специјалисти, 2023 година
Во 2023 година звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 828 лица
25 мар. 2024
Образованието подразбира организирана и постојана комуникација со цел да се овозможи учење. Со истражувањата во статистиката на образование се обезбедуваат податоци за мрежата на основните, средните училишта и факултетите, како и податоци за учениците, студентите и наставниот кадар според многубројни белези.
Научно-истражувачката дејност претставува истражувања кои придонесуваат за развојот на научната мисла и за подигање на научното ниво во сите подрачја, полиња и области на науката, придонесуваат за трансферот на светските знаења, технологии и вештини за вкупниот развој на Република Северна Македонија.
Истражувањата во основните и во средните училишта се спроведуваат секоја година, со две состојби: на почетокот и на крајот на секоја учебна година.
Истражувањата во високото образование и науката се спроведуваат со годишна периодика.
Дипломирани студенти - прв циклус на студии на државните универзитети 5 237 2025 година дефинитивен податок
Запишани студенти (прв циклус на студии) 55 036 академска 2025/2026 година дефинитивен податок
Наставници во високообразовните установи 3433 академска 2025/2026 година
Ученици кои завршиле редовно основно училиште во приватни училишта 1.4 % учебна 2024/2025 година
Во 2023 година звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1 828 лица
25 мар. 2024