Образованието подразбира организирана и постојана комуникација со цел да се овозможи учење. Со истражувањата во статистиката на образование се обезбедуваат податоци за мрежата на основните, средните училишта и факултетите, како и податоци за учениците, студентите и наставниот кадар според многубројни белези.
Научно-истражувачката дејност претставува истражувања кои придонесуваат за развојот на научната мисла и за подигање на научното ниво во сите подрачја, полиња и области на науката, придонесуваат за трансферот на светските знаења, технологии и вештини за вкупниот развој на Република Северна Македонија.
Истражувањата во основните и во средните училишта се спроведуваат секоја година, со две состојби: на почетокот и на крајот на секоја учебна година.
Истражувањата во високото образование и науката се спроведуваат со годишна периодика.