Бруто-домашен производ, второ тримесечје 2026 година
Бруто-домашниот производ порасна за 4.3 % во второто тримесечје од 2026 година во однос на второто тримесечје од 2025 година
Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2026 година е 4.3 %.
Во второто тримесечје од 2026 година, поголем пораст е забележан во секторот Ѓ - Градежништво од 21.9 % и од 5.1 % во секторите Њ, О и П – Уметност, забава и рекреација; Други услужни дејности; Дејности на домаќинствата како работодавачи; дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби.
Финалната потрошувачка во второто тримесечје од 2026 година номинално расте за
7.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 83.2 %.
Бруто-инвестициите во второто тримесечје од 2026 година номинално растат за 14.5 % како резултат на порастот на бруто-инвестициите во основни средства.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2026 година, во однос на второто тримесечје од 2025 година, е 4.0 %.
Главни поенти
Стапката на раст на БДП во второто тримесечје од 2026 година во однос на второто тримесечје од 2025 година е 4.3 %.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на БДП во второто тримесечје од 2026 година во однос на второто тримесечје од 2025 година е 4.0 %.
Табели
2025 - проценети податоци
2026 - проценети податоци
2025 - проценети податоци
2026 - проценети податоци
Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.
2025 - проценети податоци
2026 - проценети податоци
Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.
Реалните стапки на раст се во однос на истото тримесечје од претходната година
2025 - проценети податоци
2026 - проценети податоци
НПИСД - Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата
1) Вклучува разлика во залихите поради балансирање
2025 - проценети податоци
2026 - проценети податоци
НПИСД - Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата
1) Вклучува разлика во залихите поради балансирање
Реалните стапки на раст се во однос на истото тримесечје од претходната година
Користени симболи →
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Бруто-домашен производ, референтна 2005 година
Оригинални и сезонски прилагодени податоци
Контакт
Ленче НеданоскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: lence.nedanoska@stat.gov.mk