Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.5.2026.1/10

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, октомври 2026 година

Инфлацијата во октомври 2026 година во однос на претходниот месец е 0.4 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 %. 

Во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 2.5 %, Рекреација, спорт и култура, Облека и обувки за 1.2 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0.3 % и Здравствена заштита за 0.1 %.

Во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1.3 %, Ресторани и услуги за сместување за 0.7 %, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги за 0.5 % и Транспорт за 0.3 %.

Трошоците на животот во групите: Услуги за образование, Осигурување и финансиски услуги и Информации и комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во октомври 2026 година во однос на септември 2026 година изнесува 100.2.

Индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на октомври 2025 година, бележи зголемување од 3.3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2 %.

Главни поенти

Во октомври 2026 година во однос на септември 2026 година:

  • Стапката на инфлација е 0.4 %
  • Во групата Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици е 2.5 % 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МАКСТАТ базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

октомври 2025 – октомври 2026 година

Контакт

Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало