Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 06.2.2025.1

Домашни претпријатија контролирани од странство, 2023 година

Во 2023 година, 2.6 % од домашните претпријатија во деловниот сектор се контролирани од странство

Во 2023 година, 1 783 или 2.6 % од претпријатијата во деловниот сектор1) се странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство.

Странските филијали ангажираат 22.8 % од вкупно вработените и создаваат 34.6 % од вкупната бруто-додадена вредност.

Најголемо учество во додадената вредност на домашните претпријатија контролирани од странство имаат секторите Преработувачка индустрија со 37.7 %, Информации и комуникации со 17.0 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 12.2 %.
 
Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји, т.е. 90.6 %, земјите членки на ЕУ контролираат 57.5 % од странските филијали, во кои се ангажирани 63.9 % од вработените и учествуваат со 64.2 % во додадената вредност. 

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во додадената вредност од 16.9 %, Холандија 11.2 %, Германија со 10.1 % и Обединетото Кралство со 9.1 %. 
______________________________________
1) Сектори на дејности од Б до О според НКД, рев. 2., освен И, Љ и О94. 

Главни поенти

2023 година

Претпријатија контролирани од странство: 2.6 %

   o    Од вкупно вработените ангажираат: 22.8 %
   o    Од додадената вредност создаваат: 34.6 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Странски филијали со најголемо учество во вкупниот број и во додадената вредност, по земји, 2023 година

Контакт

Снежана Шиповиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Статистика на странски филијали (Inward FATS)