Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 06.2.2026.1

Домашни претпријатија контролирани од странство, 2024 година

Во 2024 година, 4.7 % од домашните претпријатија во деловниот сектор се контролирани од странство

Во 2024 година, 3 2801)  или 4.7 % од претпријатијата во деловниот сектор2) се странски филијали – домашни претпријатија контролирани од странство.
 
Странските филијали ангажираат 24.2 % од вкупно вработените и создаваат 37.0 % од вкупната бруто-додадена вредност.

Најголемо учество во додадената вредност на домашните претпријатија контролирани од странство имаат секторите Преработувачка индустрија со 35.3 %, Информации и комуникации со 16.7 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 11.5 %.
 
Странските филијали се контролирани, главно, од европските земји, т.е. 92.8 %, земјите членки на ЕУ контролираат 44.6 % од странските филијали, во кои се ангажирани 62.8 % од вработените и учествуваат со 61.9 % во додадената вредност. 

Економски најважните странски филијали се под контрола на Австрија со учество во додадената вредност од 17.4 %, Холандија со 11.0 %, Германија со 9.7 % и Обединетото Кралство со 9.0 %. 
______________________________________
1) Зголемениот број опфатени претпријатија, како резултат на подобрениот извор на податоци, нема значително влијание врз придонесот на резидентните претпријатија контролирани од странство во вкупната економија.
2) Сектори на дејности од Б до О според НКД, рев. 2., освен И, Љ и О94. 

Главни поенти

2024 година

Претпријатија контролирани од странство: 4.7 %

  • Од вкупно вработените ангажираат: 24.2 %
  • Од додадената вредност создаваат: 37.0 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Странски филијали со најголемо учество во вкупниот број и во додадената вредност, по земји, 2024 година

Контакт

Снежана Шиповиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Статистика на странски филијали (Inward FATS)