Стоковна размена со странство, јануари – март 2026 година, претходни податоци
Во првото тримесечје од 2026 година раст на вредноста на извозот во однос на првото тримесечје од 2025 година
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – март 2026 година, изнесува 123 222.8 милиони денари и бележи пораст од 3.76 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – март 2026 година, изнесува 171 926.4 милиони денари, што е за 0.60 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – март 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.6 % во вкупната размена.
Главни поенти
Извоз јануари – март 2026 година во однос на јануари – март 2025 година
- 123 222.8 милиони денари: +3.8 %
- 1 998.3 милиони евра: +3.6 %
- 2 338.1 милион САД долари: +15.1 %
Увоз јануари – март 2026 година во однос на јануари – март 2025 година
- 171 926.4 милиони денари: +0.6 %
- 2 788.3 милиони евра: +0.5 %
- 3 265.1 милион САД долари: +11.8 %
Табели
СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци
Контакт
Катерина ДавковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk