Стоковна размена со странство, јануари – септември 2026 година, претходни податоци
Значително зголемување на извозот во септември 2026 година во споредба со истиот период од претходната година
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – септември 2026 година, изнесува 408 167.8 милиони денари и бележи пораст од 10.83 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – септември 2026 година, изнесува 566 113.5 милиони денари, што е за 7.94 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.7 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.8 % во вкупната размена.
Главни поенти
Извоз јануари – септември 2026 година во однос на јануари – септември 2025 година
- 408 167.8 милиони денари: +10.8 %
- 6 623.1 милион евра: +10.8 %
- 7 688.3 милиони САД долари: +14.9 %
Увоз јануари – септември 2026 година во однос на јануари – септември 2025 година
- 566 113.5 милиони денари: +7.9 %
- 9 186.1 милион евра: +7.9 %
- 10 665.9 милиони САД долари: +12.0 %
Табели
СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци
Контакт
Катерина ДавковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk