Демографија на претпријатијата, 2024 година
Во 2024 година новосоздадени се 6 439 претпријатија, најголем дел од нив во услужните дејности
Во 2024 година се регистрирани 6 439 нови претпријатија, што претставува 9.3 % од вкупно активните, пазарноориентирани претпријатија во рамките на деловниот сектор.1)
Во однос на 2023 година е забележано зголемување на бројот на новосоздадените претпријатија за 2.9 %.
Овие претпријатија ангажираат 10 697 лица, што претставува намалување за 28.1 % во однос на претходната година. Без вработени лица биле 27.2 % од новосоздадените претпријатија.
Од вкупниот број активни претпријатија, во 2023 година згаснале 6.2 %, односно 4 175, главно, во секторот Трговија на големо и мало.
______________________________________
1) Сектори на дејности од Б до О според НКД, рев. 2., освен A, Љ, П и Р.
Главни поенти
2024 година: 6 439 новосоздадени претпријатија
2023 година: 4 175 згаснати претпријатија
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Снежана ШиповиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk