Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 11.1.2026.1

Риболов и аквакултура, 2025 година

Вкупното производство и уловот на риба во 2025 година, во однос на 2024 година, се намалени за 19.5 %

Вкупното производство и уловот на риба во 2025 година изнесуваа 1 992 тони, што претставува намалување од 19.5 % во споредба со претходната година.

Производството од аквакултура во 2025 година изнесува 1 847 тони и бележи намалување за 21.0 % во споредба со 2024 година.

Во истиот период уловот од внатрешни води изнесува 145 тони и бележи зголемување од 5.1 %.

Во рамките на аквакултурното производство, произведени се 126 781 килограм подмладок и 15.1 милион парчиња икра.

Од видовите риба, како подмладок најмногу се одгледува виножитната пастрмка.

За  одгледување риба најмногу се користат рибници, базени и канали и кафези.

Во 2025 година, во  секторот Рибарство и аквакултура се вработени 278 лица, од кои 129 во аквакултурата и 149 лица во рибарството.

 Истата година, со рекреативен риболов се занимавале 8 503 лица, од кои само 70 биле жени.

Главни поенти

Производство од аквакултура во 2025 година

  • Пастрмка                    1 175 тони
  • Крап                             546 тони
  • Други видови риби        126 тони

Табели

 1)Во вкупно риба е вклучен и рекреативниот риболов


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Урим Абази
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: urim.abazi@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Риболов и аквакултура