Производство и продажба на шумски сортименти, прво тримесечје 2026 година
Во првото тримесечје од 2026 година, вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми бележи благо намалување од 1.4 % во однос на истото тримесечје од претходната година
Во првото тримесечје од 2026 година, вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 34 044 м3 и во споредба со истото тримесечје од 2025 година е намалено за 1.4 %.
Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 35 590 м3 и бележи зголемување од 33.7 %.
Најголемо намалување на производство на шумски сортименти е забележано кај рудничкото дрво, и тоа за 39.0 %, по што следат просторното дрво, и трупците.
Пораст на производството е забележано единствено кај другото обло дрво, и тоа за
44.7 %.
Главни поенти
Производство на шумски производи:
- Огревно дрво 26 668 м3
- Трупци 5 189 м3
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Урим АбазиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: urim.abazi@stat.gov.mk