Бесправно изградени објекти, 2025 година
Во 2025 година се регистрирани 911 бесправно изградени објекти
Според видот на објектот, бесправно се изградени 169 објекти за домување1) (18.6 %),
110 доградби, надградби и адаптации (12.1 %), 116 деловни објекти (12.7 %), 79 гаражи
(8.7 %), 164 огради (18.0 %), 9 скалила (1.0 %), 6 тераси (0.7 %), 22 летни тераси (2.4 %), 113 натстрешници (12.4 %), 17 времени објекти (1.9 %) и 106 помошни објекти (11.6 %).
1) Според намената, објектите за домување може да бидат станбени, станбено-деловни и куќи за одмор и рекреација.
Главни поенти
Во 2025 година:
- Најголем број бесправно изградени објекти, 96.1 %, се во приватна сопственост
- Најмногу бесправно изградени објекти, 18.6 %, се за домување
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Наташа ЦеноваТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk