Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.5.2026.1/5

Издадени одобренија за градење, мај 2026 година

Бројот на одобренијата за градење во мај 2026 година е намален за 27.5 % во однос на истиот период од претходната година

Во мај 2026 година се издадени 340  одобрение за градење, што е за 27.5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             6 669 367 илјади денари, што е за 15.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 229 (67.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 22 (6.5 %) за објекти од нискоградба и 89  (26.2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 340 објекти, на 214 (62.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 126 (37.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 840 станови со вкупна корисна површина од   71 561 м2.

Главни поенти

Во мај 2026 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 229, се издадени за високоградба
  • Во Источниот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 76
  • За изградба се предвидени 840 станови

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % мај 2026 година

Контакт

Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa@cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Издадени одобренија за градење