Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 13.5.2026.1/6

Издадени одобренија за градење, јуни 2026 година

Бројот на одобренијата за градење во јуни 2026 година е зголемен за 39.0 % во однос на истиот период од претходната година

Во јуни 2026 година се издадени  296 одобренија за градење, што е за 39.0  % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува             6 363 610 илјади денари, што е за  31.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (8.8 %) за објекти од нискоградба и 70 ( 23.6 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 296 објекти, на  218 (73.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (26.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти. 

Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од  64 266 м2.

Главни поенти

Во јуни 2026 година:

  • Најмногу одобренија за градење, 200, се издадени за високоградба 
  • Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 70
  • За изградба се предвидени 754 станови

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Број на издадени одобренија за градење според видовите градба, во % јуни 2026 година

Контакт

Наташа Ценова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: natasa.cenova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Издадени одобренија за градење