Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 15.1.2025.1

Јавен водовод и јавна канализација, 2024 година

Во 2024 година 57.0 % од водата за снабдување од јавен водовод била зафатена од изворски води

Во 2024 година, во јавниот водовод биле зафатени и преземени 306 649 илјади м3 вода за снабдување, што е за 4.6 % повеќе во однос на  2023 година. Од вкупното зафатено количество вода, најмногу вода, 57.0 %, е зафатено од изворски води, а најмалку, 1.0 %, од езера.

Вкупното количество испорачана вода од јавен водовод во 2024 година било за 2.6 % повеќе во однос на претходната година. Според структурата на потрошувачката на вода, најголеми потрошувачи биле домаќинствата, кои потрошиле 69.0 % од вкупната испорачана вода од јавен водовод. 

Вкупното количество отпадни води во 2024 година било за 12.0 % поголемо во однос на 2023  година.

Од вкупното количество испуштени отпадни води во 2024 година, непречистени биле 75.5 %, а пречистени 24.5 %.

Главни поенти

Вкупно количество испуштени отпадни води, 2024 година

  • Непречистени: 75.5 %
  • Пречистени: 24.5 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Сузана Стојановска
Телефон: +389-(0)2-3295-666
е-пошта: suzana.stojanovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Јавен водовод и канализација