Енергија, април 2026 година, претходни податоци
Вкупната бруто-произведена електрична енергија во април 2026 година изнесува 497 327 МWh, што претставува 88.8 % од бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија
Во април 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува:
559 906 МWh електрична енергија, 8.026 мил. нм3 природен гас, 268 515 тон јаглен и
83 924 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 88.8 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Главни поенти
Во април 2026 година во однос на април 2025 година:
- Потрошувачката на природен гас е зголемена за 11.4 % како резултат на зголемена активност на когенеративните постројки
- Потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 17.1 %
Табели
1) проценет податок
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Бруто-производство на електрична енергија,
април 2026 година
Контакт
Stojna ManevaТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: stojna.maneva@stat.gov.mk Ѓурѓица Милошевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: gjurgica.milosevska@stat.gov.mk