Индекси на индустриското производство, март 2026 година
Индустриското производство во март 2026 година е зголемено за 3.0 % во однос на март 2025 година
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во март
2026 година, во однос на март 2025 година, бележи опаѓање од 6.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 2.3 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
- Производство на прехранбени производи,
- Производство на пијалаци,
- Производство на тутунски производи,
- Производство на текстил,
- Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
- Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
- Производство на други неметални минерални производи,
- Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место,
- Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
- Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.0 %, Капитални производи за 8.4 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 2.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 7.8 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2026 година, во однос на периодот јануари – март 2025 година, изнесува 97.7.
Главни поенти
Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во март 2026 година, во однос на март 2025 година, има зголемувањето на производството во одделите:
• Производство на прехранбени производи со 5.8 %
• Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 8.0 %
• Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 6.1 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Горан СтојковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk