Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.2.2026.1/9

Индекси на индустриското производство, септември 2026 година

Индустриското производство во септември 2026 година е зголемено за 2.4 % во однос на септември 2025 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во септември 
2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи опаѓање од 7.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 11.4 %. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: 

 - Производство на пијалаци,
 - Производство на текстил,
 - Производство на хемикалии и хемиски производи,
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
 - Производство на други неметални минерални производи,
 - Производство на метали,
 - Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и 
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. 

Според главните индустриски групи, производството во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за
 16.9 % и Капитални производи за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 20.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 8.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.5 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на периодот јануари – септември 2025 година, изнесува 100.8.

Главни поенти

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, има зголемувањето на производството во одделите: 

  • Производство на пијалаци со 21.3 %
  • Производство на други неметални минерални производи со 64.4 %
  • Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 5.0 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МАКСТАТ базата на податоци

Контакт

Горан Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на индустриското производство