Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.2.2026.1/5

Индекси на индустриското производство, мај 2026 година

Индустриското производство во мај 2026 година е намалено за 2.0 % во однос на мај 2025 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во мај 
2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи опаѓање од 3.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 6.1 %. 

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: 

 - Производство на прехранбени производи, 
 - Производство на пијалаци,
 - Производство на тутунски производи,
 - Производство на текстил,
 - Производство на облека,
 - Производство на хемикалии и хемиски производи,
 - Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
 - Производство на метали, 
 - Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
 - Производство на електрична опрема,
 - Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
 - Производство на моторни возила, приколки и полуприколки. 

Според главните индустриски групи, производството во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, бележи пораст кај Енергија за 6.5 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 
3.4 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 3.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 1.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.4 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на периодот јануари – мај 2025 година, изнесува 99.7.

Главни поенти

Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, има намалувањето на производството во одделите: 

•    Производство на електрична опрема со 7.8 %
•    Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место со 12.9 %
•    Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 2.3 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Горан Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на индустриското производство