Индекси на индустриското производство, јули 2026 година
Индустриското производство во јули 2026 година е зголемено за 1.3 % во однос на јули 2025 година
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во јули
2026 година, во однос на јули 2025 година, бележи опаѓање од 5.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 19.5 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:
- Производство на пијалаци,
- Производство на тутунски производи,
- Производство на хемикалии и хемиски производи,
- Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
- Производство на производи од гума и производи од пластични маси и
- Производство на други неметални минерални производи.
Според главните индустриски групи, производството во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.2 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 22.2 %, Капитални производи за 2.9 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.9 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на периодот јануари – јули 2025 година, изнесува 100.9.
Главни поенти
Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во јули 2026 година, во однос на јули 2025 година, има зголемувањето на производството во одделите:
• Производство на пијалаци со 14.1 %
• Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со 15.6 %
• Производство на други неметални минерални производи со 85.0 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Горан СтојковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk