Индекси на бројот на работниците во индустријата, мај 2026 година
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.6 % во мај 2026 во однос на мај 2025 година
Бројот на работниците во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.3 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.5 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година, се намалил во групите Енергија за 1.6 %, Капитални производи за 2.6 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.
Бројот на работниците во периодот јануари – мај 2026 во однос на периодот
јануари – мај 2025 година се намалил за 3.0 %.
Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во мај 2026 година, во однос на мај 2025 година:
е намален за
- 7.3 % во рударството и вадењето камен
- 2.5 % во преработувачката индустрија
а зголемен за
- 1.0 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Татјана ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk