Индекси на бројот на работниците во индустријата, јуни 2026 година
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.3 % во јуни 2026 во однос на јуни 2025 година
Бројот на работниците во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 7.7 %, во секторот Преработувачка индустрија за
2.1 %, а се зголемил во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.2 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни
2026 година, во однос на јуни 2025 година, се намалил во групите Енергија за 2.4 %, Капитални производи за 1.8 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.4 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.
Бројот на работниците во периодот јануари – јуни 2026 во однос на периодот
јануари – јуни 2025 година се намалил за 2.9 %.
Главни поенти
Бројот на работниците во индустријата во јуни 2026 година, во однос на јуни 2025 година:
е намален за
- 7.7 % во рударството и вадењето камен
- 2.1 % во преработувачката индустрија
а зголемен за
- 0.2 % во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Татјана ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: tatjana.trajkovska@stat.gov.mk