Tеатри, филхармонија и професионални ансамбли за народни игри и песни, 2024/2025 година
Во 2024/2025 година во однос на 2023/2024 година пoвеќе прикажани претстави во професионалните театри за 20.9 %, исто така за 20.5 % повеќе посетители
Вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 20.9 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен за 20.5 % во однос на периодот 2023/2024 година.
Во периодот 2024/2025 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е намален за 24.9 %, исто така е намален и бројот на посетителите за 30.9 % во однос на периодот 2023/2024 година.
Во аматерските театри во периодот 2024/2025 година, во споредба со 2023/2024 година, е забележано зголемување на бројот на прикажаните претстави и на бројот на посетителите.
Во периодот 2024/2025 година, бројот на посетителите на Филхармонијата е намален во однос на периодот 2023/2024 година.
Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2024/2025 година, во споредба со 2023/2024 година, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите.
Главни поенти
Посетители, 2024/2025 година
- Професионални театри: 198 756
- Професионални театри за деца и млади: 16 534
- Аматерски театри: 16 846
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Себахат МеметиТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sebahat.iseni@stat.gov.mk