Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 21.3.2026.1

Наталитет, 2025 година, дефинитивни податоци

Во 2025 година се живородени 15 850 деца

Во 2025 година се родени 15 932 деца вкупно, од кои живородени се 15 850, а 82 се мртвородени. 
Бројот на живородените деца во 2025 година е намален за 1.3 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.7 %, односно на 100 живородени женски деца 106.9 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во месец јули: 1 531.

Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31.7 % се живородени деца од мајки на возраст 25 – 29 години. 

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.8 години, а на прворотките 28.2 години. 
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1995 година.

Во 2025 година се регистрирани 15 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.

Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 868 или 11.8 % од вкупниот број на живородените деца.  

Главни поенти

  • Бројот на живородените деца е намален за 1.3 % во однос на 2024 година.
  • Структура на живородените по пол:

     51.7 % машки

     48.3 % женски, односно на 100 живородени женски деца 106.9 се машки.

  • Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.8 години, а на прворотките 28.2 години.
  • Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 868 или 11.8 % од вкупниот број на живородените деца.  

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Дијана Крстевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Наталитет