Умрени лица од насилна смрт, 2024 година
511 умрени лица од насилна смрт во 2024 година
Во 2024 година бројот на умрените лица од насилна смрт е зголемен за 24.0 % во однос на претходната година и изнесува 511 умрени лица. Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2.5 %.
Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, како и во претходните години, и во 2024 година поголемо учество имаат машките лица, и тоа 68.1 %.
Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи, кои учествуваат со 78.5 %, самоубиствата со 17.4 % и убиствата со 4.1 %.
Во категоријата несреќни случаи, најголемо учество имаат умрените лица од други надворешни причини за случајна повреда со учество од 38.0 % во вкупниот број на случаи од насилна смрт.
Во категоријата самоубиства, најголемо учество имаат случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 8.8 % во вкупниот број случаи од насилна смрт.
Во категоријата убиства, случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје имаат најголемо учество со 1.6 % во вкупниот број случаи од насилна смрт.
Главни поенти
- Зголемување на бројот на умрените лица од насилна смрт за 24 % во однос на 2023 година.
- Според структурата по пол, 68.1 % се мажи, а 31.9 % жени.
- Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи кои учествуваат со 78.5 %, самоубиствата со 17.4 % и убиствата со 4.1 %.
Табели

Контакт
Дијана КрстевскаТелефон: +389-(0)2-3295 - 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk