Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, ноември 2025 година
Во ноември 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 69 141 денар
21 јан. 2026
Воспоставувањето сеопфатен статистички информативен систем за пазарот на трудот е една од приоритетните развојни цели на Државниот завод за статистика.
Статистиката на пазарот на трудот овозможува да се разгледа вклученоста на поединците, домаќинствата и претпријатијата на пазарот на трудот, како во краток рок, така и во структурни услови. Покрај аспектот на економската активност (продуктивност, трошоци за труд, ниво на плата...), статистиката на пазарот на трудот, исто така, е важна за разгледување на социоекономските прашања, како што се невработеноста, структурата на платите според карактеристиките на вработените.
Анкетата за работната сила овозможува перцепција на ситуацијата и следење на промените на пазарот на трудот преку меѓународно утврдени показатели, вклучувајќи ја стапката на вработеност и стапката на невработеност. Покрај тоа, ова истражување дава преглед на социодемографските карактеристики на вработените, невработените и населението надвор од работната сила и е единствен извор на информации за неформалното вработување.
Истражувањето за платите обезбедува месечни податоци за висината и движењето на просечните бруто и нето-плати.
Анкетата за цената на трудот обезбедува информации за платите и за останатите трошоци, земени како трошок на работодавецот за вработените, а не како примања на вработените.
Анкетата за структурата на заработувачката обезбедува информации за платите и останатите заработувачки, земени како приход на вработените исплатен од страна на работодавачот.
Овие податоци се неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.
Стапка на слободни работни места 2.02 % трето тримесечје 2025 година
Стапка на вработеност 46.5 % Трето тримесечје 2025 година
Просечна нето-плата 45 961 денари ноември 2025 година
Индекс на просечната месечна нето плата 109.4 индекс ноември 2025 година во однос на истиот период претходната година
Во ноември 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 69 141 денар
21 јан. 2026
Во ноември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 961 денар
21 јан. 2026
Во октомври 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 69 089 денари
23 дек. 2025
Во октомври 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 943 денари
23 дек. 2025
Бројот на невработени лица во третото тримесечје од 2025 година е зголемен за 0.4 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година, а е намален за 6.7 % во споредба со истото тримесечје од минатата година.
05 дек. 2025
Во третото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во групата на елементарните занимања.
01 дек. 2025
Во септември 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 68 392 денари
21 ноем. 2025
Во септември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 466 денари
21 ноем. 2025
Во август 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 68 180 денари
22 окт. 2025
Во август 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 45 310 денари
22 окт. 2025