Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.1.2026.1/1

Активно население, прво тримесечје 2026 година

Бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за 1.0 % во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2.3 % е намален во споредба со истото тримесечје од минатата година.

Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 62.4 %, а жени 37.6 %. Бројот на вработени лица бележи намалување од 0.3 %. Од вкупниот број вработени,  57.9 % се мажи, а 42.1 % се жени. 

Учеството на неформалната вработеност во првото тримесечје од 2026 година се зголемува. Неформално вработени лица се 94 197, што е за 4.3 % повеќе од претходното тримесечје. Најголем број неформално вработени лица, 43.6 %, има во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство и 17.5 % во секторот Градежништво.

Главни поенти

  • Активно население: 797 884 лица
  • Вработени: 707 385 лица
  • Невработени: 90 499 лица 
  • Стапка на активност: 52.5
  • Стапка на вработеност: 46.5 
  • Стапка на невработеност: 11.3

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Стапка на невработеност

Контакт

Ајрија Чаушоска
Телефон: +389 2 3295666
е-пошта: ajrija.causoska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Активно население