Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.3.2026.1/9

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, септември 2026 година

Во септември 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 49 141 денар

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2026 година,
изнесуваше 49 141 денар.

Во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.1 %.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 11.6 %, Административни и помошни услужни дејности за 10.6 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 10.0 %.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење камен за 6.0 %, Преработувачка индустрија за 3.0 % и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 2.5 %.

Главни поенти

•    Нето-платата во септември 2026 година изнесуваше 49 141 денар

•    Во септември 2026 година во однос на септември 2025 година е повисока за 8.1 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МАКСТАТ базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

септември 2026 година

Контакт

Оливера Ставрова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: olivera.stavrova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен