Политики и стратегии

Комуникациска стратегија

Стратегијата ги декларира определбите на Заводот за стратегиската вредност на надворешната комуникација, која понатаму ќе се реализира со акциски планови во рамките на конкретни кампањи или активности.

Комуникациската стратегија ги содржи главните принципи на комуникација со јавноста. Ги опишува целите и приоритетите на комуникацијата, како и каналите на комуникација.

Целните групи се опишани во однос на нивното ниво на знаење и како тие ја користат статистиката.

Содржината на Комуникациската стратегија е усогласена со стратегиските цели на ДЗС, а тоа се:

  • Интеграција на македонскиот национален статистички систем во ЕСС
  • Зајакнување на институционалната средина и статистичката инфраструктура
  • Создавање стратегиски партнерства
  • Управување со квалитетот

Документот може да го преземете на следниот линк Комуникациска стратегија на ДЗС