Фарук Јашари е заменик-директор на Државниот завод за статистика од мај 2026 година. Пред неговото именување работел како професор по англиски јазик во СУГС „Браќа Миладиновци“ – Скопје.
Професионалниот развој го започнал во 2005 година во областа на образованието, искуство со важна улога во професионалниот и личниот развој. Ангажманот во овој сектор му овозможил да развие комуникациски вештини, институционална соработка, создавајќи цврста основа за понатамошните професионални одговорности и предизвици.
Јашари е дипломиран професор по англиски јазик и литература.
Учесник е на бројни семинари и обуки фокусирани на организација и реализација на проекти, примена на современи технологии во работните процеси, ефикасна тимска работа во институционална средина и др.