Државниот завод за статистика учествуваше на 110-тата DGINS конференција во Сплит
ДЗС ја зајакнува меѓународната соработка и размената на добри практики во рамки на европскиот статистички систем
Делегација на Државниот завод за статистика, предводена од директорот д-р Дејан Станков, зеде учество на Конференцијата на генералните директори на националните статистички институти во рамките на европскиот статистички систем, која се одржа во Сплит, Хрватска, на тема „Европска статистика за туризмот: иновативен и визионерски одговор на потребите на корисниците во 21 век“.
Настанот беше организиран од Државниот завод за статистика на Хрватска во соработка со Евростат и истиот претставува водечка европска платформа за размена на идеи, искуства и добри практики меѓу директорите на националните статистички институти.
Конференцијата DGINS е годишен настан што ги обединува водечките експерти од областа на статистиката од цела Европа. Таа нуди можност за размена на идеи, иновации и најдобри практики меѓу националните статистички институции.
Целта е да се зајакне меѓународната соработка и да се најдат решенија за сложените статистички предизвици. Конференцијата, исто така, вклучува панел-дискусии и можности за вмрежување.
На 24 октомври 2025 година, во рамките на престојот во Сплит, директорот на Државниот завод за статистика, д-р Дејан Станков, оствари билатерална средба со директорката на Државниот завод за статистика на Хрватска, г-ѓа Лидија Брковиќ, по повод одбележувањето на 150-годишнината од основањето на хрватскиот Завод за статистика. На средбата, двајцата директори разменија мислења и искуства за актуелните предизвици и приоритети во статистичката работа и истакнаа дека остануваат отворени за продолжување и унапредување на одличната соработка меѓу двете институции.
Државниот завод за статистика редовно учествува на конференциите на DGINS, со цел да ги следи најновите европски статистички трендови, да разменува искуства со институции од европскиот статистички систем и да ги применува најдобрите практики во македонското статистичко производство.
Фото галерија
Поврзани вести и соопштенија
Делегација на Државниот завод за статистика учествуваше на 57. сесија на Статистичката комисија на ООН во Њујорк
Состанокот ги обедини директорите на статистичките институции од 193 земји за дискусија за клучните предизвици и идните насоки на глобалниот статистички систем
09 мар. 2026
Потпишана Декларација за партнерство за формализација на неформалната економија во Северна Македонија
Заедничка посветеност на институциите за намалување на сивата економија
20 фев. 2026
Посета од Евростат во Државниот завод за статистика
Партнерски дијалог за напредокот во усогласеноста со европските статистички стандарди
12 фев. 2026
Потсетување за статистичките истражувања и прибирањето податоци
Државниот завод за статистика редовно спроведува дел од своите статистички истражувања со директно анкетирање на домаќинствата и лицата што живеат во нив.
06 фев. 2026
Среќна Нова 2026 година
31 дек. 2025