Едукативна посета на ученици од ОУ „Григор Прличев“ – Скопје
ДЗС и понатаму ќе продолжи да придонесува за образованието и информираноста на младите генерации, со цел да го поттикне нивниот интерес за статистиката

На 07.05.2025 година, Државниот завод за статистика го посетија ученици од петтите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ – Скопје.
Преку кратка презентација и разговор со вработените во ДЗС, учениците имаа можност да научат повеќе за најобемната статистичка активност – пописот на населението, домаќинствата и становите – зошто се спроведува, како се собираат податоците и каква е нивната улога во планирањето на јавните политики.
Посебен интерес кај учениците предизвика делот посветен на најчестите имиња и презимиња во земјата, при што на интересен и интерактивен начин дознаа кои се некои од најзастапените имиња меѓу населението.
Посетата беше одлична можност младите ученици да се запознаат со работата на ДЗС, да сфатат колку е важна статистиката во секојдневниот живот и да го поттикне интересот за статистиката кај нив уште од најрана возраст.
Фото галерија



Поврзани вести и соопштенија
Mеѓународна PxWeb конференција

Вчера и денес (7-8 ноември) во Скопје се одржува 33. Меѓународна годишна конференција за корисници за PxWeb и други Px-алатки. Државниот завод за статистика е кодомаќин на настанот, заедно со Статистика Шведска
08 ноем. 2024
Извештај на Европската комисија за напредокот на поглавјето 18 Статистика за 2024 година
Годинава е констатиран дополнителен напредок во Извештајот за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок
05 ноем. 2024
Состанок со Комората на сметководителите

Во просториите на Државниот завод за статистика, се одржа состанок со Комората на сметководителите посветен на унапредување на меѓусебната соработка
01 ноем. 2024
Средба со студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пред голем број студенти, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, одржа предавање на тема: „Официјалните статистики, прозорец за разбирање на општеството“
21 окт. 2024
Европски ден на статистиката – 20 октомври 2024 година

Деветтиот по ред Европски ден на статистиката (20 октомври 2024 година) ќе се одбележи под следното мото избрано од Европскиот статистички советодавен комитет: „Официјалната статистика, прозорец за разбирање на општеството“
18 окт. 2024