Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Едукативна средба со учениците од втора година при СОЕУ „Јане Сандански“ – Битола

Практично запознавање со официјалната статистика во рамките на наставната програма

Во рамките на активностите за унапредување на статистичката писменост кај младите, на 29 април 2026 година, Државниот завод за статистика беше домаќин на ученици и професори од СОЕУ „Јане Сандански“ од Битола.

За време на посетата, учениците имаа можност подетално да се запознаат со улогата на Заводот како главен носител на официјалната статистика во државата, како и со неговото значење во процесите на прибирање, обработка и дисеминација на податоци.

Преку интерактивна презентација, им беа претставени клучните статистички процеси и современите алатки што се користат во работата, со посебен акцент на веб-страницата на Заводот и базата на податоци МакСтат. Учениците имаа можност и практично да научат како да пристапат до релевантни статистички информации и како истите да ги применат во рамките на нивните наставни активности по економија и статистика.

Посетата помина во интерактивна атмосфера, со активна вклученост на учениците преку прашања и дискусии, како и преку миниквиз, што придонесе за поголемо разбирање на значењето на статистиката во современото општество.

Државниот завод за статистика и понатаму ќе продолжи со вакви едукативни активности, со цел да го поттикне интересот кај младите за користење и правилно толкување на статистичките податоци.

Фото галерија

Поврзани вести и соопштенија

Отворен нов Центар за обука со поддршка од Шведската статистика

Центарот овозможува современи услови за едукација, соработка и професионален развој во статистиката, достапен е за вработените во Заводот, како и за академската заедница, медиумите и други корисници на статистички податоци

10 апр. 2025

Статистичките фискални податоци за брзи државни одлуки

Државниот завод за статистика (ДЗС) беше домаќин на акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проф. д-р Марина Трпеска, како претставници на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, кои беа примени од страна на д-р Дејан Станков, директор на ДЗС, на 27.03.2025 г

28 мар. 2025