Државен завод за СТАТИСТИКА

Новости

Извештај на Европската комисија за напредокот на поглавјето 18 Статистика за 2024 година

Годинава е констатиран дополнителен напредок во Извештајот за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок

Европската комисија го објави Извештајот за напредокот на државата за 2024 година во кој оценката за поглавјето 18 Статистика е дека земјата е помеѓу умерено и добро ниво на подготвеност во областа на статистиката.  Годинава е констатиран дополнителен напредок во Извештајот за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок.
 
Оценката во Извештајот е уште една потврда дека Државниот завод за статистика, како главен носител и координатор на Националниот статистички систем, е високопрофесионална институција во рамките на органите на државната управа, која со право го заслужува епитетот на рамноправен член на европското статистичко семејство применувајќи ги европските  принципи и стандарди во работењето како и сите други статистички институции на земјите членки на ЕУ.
 
Сите овие резултати и високи постигнувања се плод на максималната ангажираност и посветеност на сите вработени во институцијата кои постојано целосно се вложуваат за постигнување на поставените цели и покрај сите пречки со кои институцијата се соочува веќе подолг период.

Поврзани вести и соопштенија

Статистичките фискални податоци за брзи државни одлуки

Државниот завод за статистика (ДЗС) беше домаќин на акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети и проф. д-р Марина Трпеска, како претставници на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, кои беа примени од страна на д-р Дејан Станков, директор на ДЗС, на 27.03.2025 г

28 мар. 2025

56. сесија на Статистичката комисија на ОН – највисоко тело за одлучување за меѓународни статистички активности

Генерална тема на сесијата е „Подобри податоци, подобри животи“, а членовите на Комисијата за статистика, меѓу другото, дискутираа и усвоија  две резолуции – „Систем на националните сметки 2025“ и „Светска програма за попис на населението и домувањето за 2030 година“

10 мар. 2025

Потпишување Меморандум за соработка со Американскиот колеџ

Со ова партнерство, ќе се обезбеди подобра координација и размена на информации меѓу институциите, што ќе овозможи поефикасно користење на статистичките податоци во академските истражувања и образованието.

26 фев. 2025