Извештај на Европската комисија за напредокот на поглавјето 18 Статистика за 2024 година
Годинава е констатиран дополнителен напредок во Извештајот за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот на државата за 2024 година во кој оценката за поглавјето 18 Статистика е дека земјата е помеѓу умерено и добро ниво на подготвеност во областа на статистиката. Годинава е констатиран дополнителен напредок во Извештајот за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок.
Оценката во Извештајот е уште една потврда дека Државниот завод за статистика, како главен носител и координатор на Националниот статистички систем, е високопрофесионална институција во рамките на органите на државната управа, која со право го заслужува епитетот на рамноправен член на европското статистичко семејство применувајќи ги европските принципи и стандарди во работењето како и сите други статистички институции на земјите членки на ЕУ.
Сите овие резултати и високи постигнувања се плод на максималната ангажираност и посветеност на сите вработени во институцијата кои постојано целосно се вложуваат за постигнување на поставените цели и покрај сите пречки со кои институцијата се соочува веќе подолг период.
Поврзани вести и соопштенија
Mеѓународна PxWeb конференција

Вчера и денес (7-8 ноември) во Скопје се одржува 33. Меѓународна годишна конференција за корисници за PxWeb и други Px-алатки. Државниот завод за статистика е кодомаќин на настанот, заедно со Статистика Шведска
08 ноем. 2024
Извештај на Европската комисија за напредокот на поглавјето 18 Статистика за 2024 година
Годинава е констатиран дополнителен напредок во Извештајот за поглавјето 18 Статистика, каде што високо ниво на усогласеност е забележано во статистичката инфраструктура, додека во секторските статистики се бележи одреден напредок
05 ноем. 2024
Состанок со Комората на сметководителите

Во просториите на Државниот завод за статистика, се одржа состанок со Комората на сметководителите посветен на унапредување на меѓусебната соработка
01 ноем. 2024
Средба со студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пред голем број студенти, директорот на ДЗС, д-р Дејан Станков, одржа предавање на тема: „Официјалните статистики, прозорец за разбирање на општеството“
21 окт. 2024
Европски ден на статистиката – 20 октомври 2024 година

Деветтиот по ред Европски ден на статистиката (20 октомври 2024 година) ќе се одбележи под следното мото избрано од Европскиот статистички советодавен комитет: „Официјалната статистика, прозорец за разбирање на општеството“
18 окт. 2024